(ВИДЕО) Прво интервју на Елена Велевска откако проговори за семејното насилство

Добивај вести на Viber

Низ годините се залажував дека можеби работите ќе се сменат на подобро.. Ставам крај на семејното насилство. Животот продолжува понатаму и единствено сакам сето ова да се реши на мирен начин, вели Елена Велевска во интервју за магазинот „Естрада плус“, инаку нејзино прво гостување откако пред два дена ги потврди гласините дека се разведува и упати сериозни обвинувања до нејзиниот сопруг Марјан Мирчески.

Познатата пејачка објаснува дека е подготвена да се носи со сите падови и успеси и дека сигурно ѝ претстои многу подобар период и живот од оној што го имала.

- Да бев само јас во прашање знаев ова како да го направам многу безболно, но во прашање се трите мои деца кои што не сакам да читаат разни глупости, да подлегнуваат под стапиците што ги создава нивниот татко – вели Велевска.

Во продолжение погледнете го целото интервју.