(Видео) Сестричката Јована моли за братчето Кристијан: Донирајте добри тетки и чичковци за бато да ми дојде на роденден

Добивај вести на Viber

- Здраво, јас сум Јована Андреева. Мојот батко се вика Кристијан, има аутизам и сакаме ние да му правиме во Турција операција, но мама и тато немаат доволно пари, затоа сакам вие добри чичковци и тетки да донирате пари, за бато да ми дојде на роденден, да не ме штипе и да не ме кубе. Фала ви многу, чао- вака гласи видео пораката од малечката Јована за нејзиниот 14-годишен брат Кристијан Андреев кој боледува од многу тежок облик на aутизам и eпилепсија.

Закажани се 3 сесии-операции на матични клетки во Истанбул-Турција кои ќе чинат 38.600 евра. За неговите родители сумата е преголема затоа Ве замолуваме, сите вас хумани луѓе кој колку може да донира. Да му помогнеме на Кристијан да биде подобар и да и ја исполниме желбата на неговата сестра Јована да може нејзиниот батко за прв пат да оди на нејзиниот роденден. Со вашата хуманост и донирање ќе ја исполните желбата и ќе заврши стравот на малата Јована, а со тоа ќе обезбедиме среќа за целото семејство!! 

Покажете хуманост и завртете на броевите:

070-143-161 за корисници на Т-мобиле 

143-463 за корисници на Вип 

Уплата на жиро сметките 210-7000006478-05 за Македонија

 IBAN CODE MK 07210501699259629 SWIFT TUTNMK22 NLB BANKA AD SKOPJE.

Благодарност од целото семејство Андрееви посебно од сестричката Јована, велат во апелот за помош од семејството на Кристијан.