ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Снаодлив татко го заспива бебето за помалку од минута (ВИДЕО)

Родители од Сиднеј го заспиваат своето бебе за помалку од една минута со помош на обични хартиени марамчиња. Видеото кое лани стана вирален хит и досега го погледнале над 13 милиони луѓе на „јутјуб“ го прикажува тримесечниот Сет буден и полн со енергија како лежи во својот кревет и целиот процес во кој таткото Натан Дајло го гали својот син со обично марамче и на тој начин го успива.

- Сигурен сум дека секој родител постојано тестира нови техники за спиење. Погледнете како мојата сопруга и јас го заспиваме нашиот тримесечен син, Сет, на кој му треба помалку од една минута да заспие, користејќи само хартиено марамче - напиша Натан на својот YouTube канал.