(ВИДЕО) Тие се најмлади мајки на светот: Нивните приказни се тешки, тажни и шокантни

Овие несреќни девојки и самите биле деца кога родиле деца.

1. Тереза ​​Мидлтон се породила на 12-годишна возраст откако ја силувал нејзиниот 16-годишен брат Џејсон. Таа го дала детето на посвојување.

2. Саманта Гудман имала само 10 години кога роди бебе. Се верува дека таткото имал 12 години. Заедно си играле, нашле книга за половите односи и решиле да го испробаат она што го прочитале и виделе.

3. Лора Марина Вланева се породила на 10-годишна возраст откако ја силувале пријателите на нејзината постара сестра.


4. Елена Циритеску заврши во медиумите во 2010 година кога стана мајка на 10 години. Татко на нејзиното дете бил 13-годишен братучед. Таа веќе не е во контакт со него, се пресели во друга држава.

5. Дафне родила бебе на само 9 години. Таа самата има 10 браќа и сестри, а имала и 17-годишно момче. Постои уште една приказна во која тие тврдат дека таа всушност имала 15 години кога се породила и дека татко на детето бил и нејзин татко.

6. Ванвиса Јанмук имала 9 години кога родила бебе. Ја омажиле за 27-годишник кога таа имала само 8 години.

7. Нувија В. Т. од Перу родила дете во 2006 година кога имала само 9 години. Забременила откако нејзините роднини ја силувале. Едниот имал 17, другиот 28. Постариот бил татко на детето.

8. Ања од Русија имала дете кога имала 8 години. Ја силувало 13-годишно дете, а се породила во 2000 година во Ростов .

9. Хилда Трухило од Перу родила дете во 1957 година, а таа тогаш имала само 8 години. Татко бил 22-годишен братучед кој живеел во иста куќа со нејзиното семејство.

10. Лина Медина имала само 5 години кога останала бремена и го родила момчето Џерард на 14 мај 1939 година. Два месеци пред породувањето, нејзините родители ја однеле во болница затоа што мислеле дека стомакот и расте поради тумор. Лекарите тогаш им откриле дека Лина е бремена. Прва менструација имала кога имала само 8 месеци, а на 4-годишна возраст нејзините гради пораснале. Да, звучи неверојатно. Не е познато кој бил таткото на малиот Џерард .


Извор: индекс.хр

Ilustracijafoto: Depositphotos/nenovbrothers