(ВИДЕО) Вкусно пилешко со лимон по рецептот на Џенифер Гарнер
Актерката Џенифер Гарнер откри дека дома има неколку книги за готвење, но дека ретко подготвува нови јадења. Она што таа обично го готви се јадењата кои ги научила и не гледа рецепт за истите.
Таа одлучи да приготви пилешко си ломон.
За ова јадење потребни ви се следните состојки:
2 лажички босилок
1 лажичка семе од анасон
сол и свежо мелен бибер
1/3 шоља маслиново масло
1 лимон исечен на кришки
една главица кромид
2 чешњиња тенко исечкан лук
пилешкото месо да биде исчистено од коски
1/2 шоља бело вино
сок од еден лимон
Ја загревате рерната на 230 степени. Ставете го босилокот, семките од анасон, солта и биберот во мал блендер и блендирајте додека состојките не се соединат. Сипете го маслиновото масло, измешајте и оставете ги состојките настрана.
Распоредете ги кришките лимон во тепсијата и ставете лук и кромид одозгоре. Одозгоре ставете го пилешкото и прелијте со маслото и билките.
Печете го пилешкото околу 30 минути, додајте го виното во тепсијата, но никако диретно на месото и печете уште 15 минути.
Извадете го пилешкото од рерна, испрскајте го со лимонов сок, покријте со алуминиумска фолија и оставете го да отстои од 10 до 15 минути.
Сечете го пилешкото на парчиња, посолете го и послужете со сосот од тепсијата.