(ВИДЕО) Водители и пејачи во новиот спот на Наташа Малинкова

Добивај вести на Viber

„Биди со мене“ е новата песна на Наташа Малинкова, дело на нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Столе Аврамов. За овој рефрен пејачката сними интересен видеозапис во кој се појавуваат и други познати личности, режиран од Владислав Гавриловски.

- Спотот е спонтана приказна за тоа како изгледа едно наше деноноќие. Работата во студио, дел од нашите ноќни настапи, нашите најмили и пријателите. Овојпат честа ја имав како статисти да се појават моите драги колеги и пријатели Даниел Данн и Марко Марк, а девојката во видеото ни е гостинка од Мелбурн која сосема случајно и со задоволство прифати да биде дел од ова, за неа прво искуство – ни откри Наташа.

За разлика од претходната тема „Што ли да направам“ која ја отпеа на „Макфест“, оваа тема е нешто сосема поразлично и можеби помалку неочекувано од Малинкова.

- Искуството низ годините и ноќните настапи ни се единствениот репер за тоа што би сакала публиката да слуша. Мешање на стилови од ретро, до песни со модерни аранжмани.. Сакавме во период кога ни претстојат убави празници, во моменти кога сме опкружени со луѓето што ги сакаме и не сакаат, да им подариме една убава латино-поп тема во која мислам дека секој еден може да се пронајде - вели таа.

По новогодишните празници, Малинкова планира да објави уште еден сингл кој ќе се најде и на нејзиниот долгоочекуван албум.