(ВИДЕО) Војник изоди бос 1.120 километри: За ќерка му која е болна од ретка болест

Офицер на армијата, изоди 700 милји, односно 1.120 километри, бос низ Велика Британија за да собере пари за генeтска терапија на неговата ќерка.

Мајорот Крис Браниган го направи тоа за неговата осумгодишна ќерка Хасти, на која и е дијагностицирана ретка генетска состојба за која нема третман ниту лек.

Во борба за нејзината иднина, тој патуваше без чевли, бос, носејќи 25 килограми товар на рамената.

Тој го започна овој ментално и физички предизвикувачко патување на 6 јули со надеж дека ќе собере 400.000 фунти за истражување и развој на генетска терапија што може да и помогне на Хасти.

„Хасти има осум години и сонува да биде готвач или танчер кога ќе порасне, но исто така има и синдром Корнелија де Ланге (CdLS) за кој во моментов нема терапија или лек“, рече Мајорот Крис.

„Иднината не е светла. Хасти има ретка форма на ова веќе ретко заболување, дисфункционален ген HDAC8 откриен пред само неколку години, малку е познато за тоа како тоа ќе влијае врз неа во иднина“.

Децата со CdLS често страдаат од напади и сериозна вознемиреност. Без нова генетска терапија, Хасти може да стане нема, ќе мора да користи инвалидска количка, да има проблеми со срцето и да изгуби какви било шанси за независност.

„Некои постари деца со истата дијагноза се претпоставува дека претрпеле ментална регресија, развивајќи напади од рани тинејџерски години и мутизам“, рече 40-годишниот Мајор, татко на Хасти.

Таткото-на три деца беше на пат 27 дена и пристигна во Северен Јоркшир во саботата.

За време на неговото патување, делумно му се придружија војници и други луѓе, за да ја покажат својата поддршка и да му дадат волја за понатаму.

Видео:

извор: examinerlive.uk.co