ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак ќе се одлучи да превземе ризик за нешто што долго го посакува

Овен 

Можеби ќе ја изненадите околината со повлекување во себе. Некои од вас искрено ќе се грижат за блиските личности и со нив ќе ги координираат плановите. Во слободно време може да ви се случи да ја запознаете вистинската љубов. Избегнувајте ги напорните работни задачи бидејќи лесно ќе се заморувате. 

Бик 
Сите обврски ќе паднат врз вашиот грб. Бидејќи сте дозволиле околината да ве смета за личност која е способна за се, која не знае да каже „не“, тогаш мора и многу да се потрудите. Обидете се од време на време да кажете некоја лага или изговор доколку сакате да се спасите од нападните. 

Близнаци 
Овој викенд премногу брзо ќе се одлучите за нешто во што ни самите не сте уверени. Можеби ќе ви успее, но вашите можности се повеќе отколку минимални. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините. 

Рак 
Ова е доста динамичен викенд. Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Викендот е поволен за сите видови на работа. Планетите ве поддржуваат па можете да започнете и некоја нова работа. Кондицијата ви е одлична, а финансиската состојба без позначајни промени. 

Лав 
Можеби ќе доживеете некои незгодни и непријатни изненадувања. Воглавно се може да се одвива со успех, но немојте премногу да се двоумите, затоа што под дејство на тие ваши колебања се оневозможува реализација на многу ваши потенцијали. 

Девица 
Овој викенд ќе се чувствувате малку ранливо и заштита ќе побарате во друштвото на саканата личност. Личност со која едноставно можете да седите во потполна тишина без трошка на непријатност ќе ви биде најдобро друштво. 


Следна страна