ВИКЕНД РЕЦЕПТ- УЧИТЕЛСКИ КОЛАЧ: Скромни состојки, раскошен вкус!
Знаеме дека платите на учителите не се кој знае колку големи, па така и „учителскиот колач“ е скромен по своите состојки.
Меѓутоа, вкусот на некои слатки нешта нема апсолутна врска со тоа колку пари се вложени во неговиот состав.
Овој колач е вистински доказ за тоа, а вие сами уверете се. Состојки: 250 гр шеќер, 200 грама маргарин, 20 гр.брашно, 1 јајце, 4 белки, 150 гр. мелени ореви, рендана кора од лимон, 150 гр. џем од шипинки.
Подготовка: Во сад за матење ставете маргарин, јајца, 100 гр. шеќер и матете со миксер додека шеќерот не се растопи. Потоа во садот додајте ситно изрендана кора од лимон, брашно и мешајте (не матете) додека состојките не се соединат. Садот подмачкајте го со маргарин, стевете ја смесата, и печете 15 минути на 180 степени. Изматете 4 белки, додајте ги преостанатите 150 гр. шеќер и повторно матете додека шеќерот не се растопи. Додајте ги мелените ореви и промешајте.
Испечениот колач во садот премачкајте го со џем, а преку џемот нанесете ја белката со ореви. Вратете во рерна и печете уште 15 минути на иста температура. На крај премачкајте со уште еден тенок слој на џем, па украсете со рендана чоколада. Нека ви е наздравје!