Викторија Лоба: Не легнувам без крема и лабело
Под покровителство на Женски Магазин денеска во рамките на
второто издание на „Дерма фест“ се одржа панел дискусија на тема „Секојдневните
предизвици на женската убавина во 21 век“. Наша гостинка беше и поп-ѕвездата
Викторија Лоба која заедно со Елена Бубало Михајловска, персонален и групен
тренер, дебатираше како со правилна нега да се одржи младоста на кожата. Популарната
пејачка, меѓу другото, сподели и интересни навики, но и трикови кои ги
практикува секојдневно.
- Пијам многу вода и зелен чај кој го забрзува метаболизмот. Редовно одам на пилатес. На кеј трчам со маска поради загадувањето. Цитрусите ги пијам исклучиво со цефче бидејќи ги оштетуваат забите. Уживам да се грижам за себе. Не легнувам без да нанесам ревитализирачка крема, па дури и лабело - ни откри Лоба.