Вилијам и Хари се скараа поради Меган

Добивај вести на Viber

Односите помеѓу принцот Хари и неговиот брат Вилијам се влошуваат, пишуваат англиските медиуми.

Дејли Мејл пишува дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон божиќните празници нема да ги поминат во кралската палата во Лондон, туку кај родителите на Кејт. На нив, наводно ќе им се придружи и сестрата на Кејт, Пипа и нејзиниот партнер Артур. Иако Вилијам веќе неколку пати има изјавено дека времето сака да го поминува со семејството на својата сопруга, извори блиски до кралското семејство за Дејли мејл велат дека причината за кавгата помеѓу браќата е Меган. 

Наводно, Вилијам го предупредувал Хари дека актерката Меган не е добар избор за сопруга, што неговиот помал брат сосема го игнорирал. Деталите дека Меган не е толку мила и добра каква што се чини неодамна се дознале во јавноста. За неа, нејзината поранепна агентка Џина во  изјавила дека е пребирлива жена која ја интерсираат само нејзините цели. Агентката додала дека Меган е подготвена да ја прекине комуникацијата со секој оној кој со неа нема да се согласи. 

Хари и Меган наскоро ќе се преселат од палатата Кесингтон и тоа на имотот Фрогмор кој кралицата Елизабета им го подарила.