Вилијам и Хари во кавга поради Меган

Односите помеѓу двајцата браќа, принцот Хари и неговиот брат Вилијам се влошуваат, пишуваат англиските медиуми.

Извори блиски до кралското семејство за Дејли мејл велат дека причината за кавгата помеѓу браќата е војвотката од Сасекс, Меган Марјк. 

Наводно, Вилијам го предупредувал Хари дека актерката Меган не е добар избор за сопруга, што неговиот помал брат сосема го игнорирал. Деталите дека Меган не е толку мила и добра каква што се чини неодамна се дознале во јавноста. За неа, нејзината поранешна агентка Џина изјавила дека е пребирлива жена која ја интерсираат само нејзините цели. 

Агентката додала дека Меган е подготвена да ја прекине комуникацијата со секој оној кој со неа нема да се согласи.