Вирџинија Џуфре изврши самоубиство: Ги обвини Епштајн и принцот Ендрју за силување

Вирџинија Џуфре (41), која ги обвини Џефри Епштајн и британскиот принц Ендру за трговија со луѓе и силување, извршила самоубиство, потврди нејзиното семејство.
„Со скршени срца потврдуваме дека Вирџинија почина синоќа на нејзината фарма во Западна Австралија. Таа си го одзеде животот откако долги години беше жртва на злоупотреба и трговија со луѓе“, соопшти нејзиното семејство.
Вирџинија се најде во центарот на вниманието кога ги објави обвинувањата против богатиот Епштајн и британскиот принц.
Епштајн беше обвинет за злоставување девојчиња, од кои некои имаа дури 14 години. Џуфре излезе во јавноста со своите тврдења дури откако беше осуден на 18 месеци затвор.
Таа изјавила дека како тинејџерка работела во бањата во комплексот Мар-А-Лаго на Доналд Трамп, каде девојката на Епштајн, Гилен Максвел, регрутирала во 2000 година.
Џуфре рече дека била испратена со авион низ светот за да биде малтретирана од различни мажи, вклучувајќи го и принцот Ендрjу.
Британскиот принц ги демантираше овие тврдења, како и оние на Максвел. Џефри Епштајн изврши самоубиство во затвор во Њујорк во 2019 година. Џуфре поднесе тужба против принцот Ендрју две години подоцна, а тој се согласи да се спогоди и да и плати неоткриена сума за отштета. Принцот тврдел дека никогаш не ја ни запознал, иако имало заедничка фотографија.
Џуфре изминативе денови објави вознемирувачки објави на Инстаграм. Таа тврдеше дека има „уште неколку дена живот“ по сообраќајната несреќа, што нејзиниот портпарол набрзо демантираше.