Вишок кожа на стомакот после две деца е нормална работа: Елена Бубало покажа дека е горда на своето тело (ВИДЕО)

„Ова сум јас кога супер позирам и со опуштено тело и вишок кожа“, Елена Бубало гордо го покажа своето тело по раѓањето на две деца и испрати силна порака до сите жени.

Елена Бубало од мали нозе практикува активен животен стил, а основата на спортскиот дух и дисциплина ја стекнала како играорка. Веќе со години работи како персонален и групен тренер. Некои ја знаат како фитнес-инструктор, некои како личен тренер, но, оние што ја познаваат и одблизу, знаат дека таа е и мајка на две деца Андреј и Зои.

 

„Фактот што сум жена и мајка не значи дека треба да се запоставувам, впрочем не треба да се запоставува ниту една жена, независно во која етапа од животот се наоѓа. Оттука е и моето мото, кое вели: Единствена граница да не ја постигнеме целта сме самите ние“, изјави во една прилика Елена за Женски магазин.

Пред некој ден таа објави релани фотографии и видео каде покажува како навистина изгледа нејзиното тело, но со мотивирачка порака дека не треба да се откажуваме никогаш. 

„Ова сум јас, таа што ве мотивирам секој ден да се грижите за себе, но и да бидете реални спрема себе.
Сликано во една иста минута, со супер позирање топ рамен стомак, насмевка и супер агол или со опуштено тело и со вишокот кожа после две деца!
Па тоа е сосема нормално, а и секое тело е различни па како може да очекуваме сите да изгледаме совршено и исто.
Стомачните и натртениот задник драги луѓе не е знак за здравје. Само затоа што некој има стомачни не значи дека е здрав, или ако некој ги нема не значи дека не е здрав. Тоа е толку променливо затоа фокусирај се на себе и своето здравје!
Грижата за себе како вежбање, правилна исхрана, квалитетен сон стај ги на своето дневно мени во баланс со останатите обврски. Па вас тоа не ви е професија за цел ден на тоа да мислите и да го правите. Наспроти тоа, нас ни е професија и не треба поинаку да изгледаме а уште помалку да се фалиме со тоа, што би ми кажала моја блиска другарка па добро Елена тоа ти е работа, срамота е поинаку да биде.
Затоа уште еднаш, натпреварувај се само со себе, труди се секој ден да бидеш подобар од вчера, иако и тоа не е секогаш возможно, но не се откажувај, затоа што не е еднократна програма. Тоа е програма за цел живот, за себе и за тие околу тебе.
И доста филозофирам отидов да се гушкам со Андреј и Зои“

ФОТО И ВИДЕО:

пОВБ
Поврзани вести: