Вистина e, немам интернет, ни мобилен, дојдете ако сакате да ме запознаете: Зборовите на Маријана (12) воодушевуваат

„Јас сум Маријана. Не ме познавате? Вистина, ме нема ни на Инстаграм, ни на „Фејс“. Не четувам, не снепувам. Доколку сакате да ме запознаете, може да дојдете кај мене. На мојата улица или во моето училиште. Или да ми мавнете додека чекам на автобуската станица“, напиша во својот состав 12 - годишната Маријана Марков.

Вака ученичката од 6 одделение од Медведице кај Нови Вир го започна својот емотивен состав за својот труд и работа кој резултира со одлични успеси во училиштето, а сето тоа без интернет, мобилен и лаптоп. Го освоила второто место на државниот натпревар за Наградата „Марко Ловрак“ во Велики Грчевац.

„Лесно ќе ме препознаете. Јас сум онаа која не го држи мобилниот во раце. Ќе ви мавнам и јас на поздравот. Во животот имав многу проблеми. Во градинка ми се смееа и ми зборуваа дека не сум за на училиште. 'Сега ќе им покажам јас на нив' помислив кога го започнав првото одделение. 'Доколку јас го сакам тоа, тогаш и го можам' “ - напишала оваа одлична ученичка во продолжението на својата приказна.

Целата приказна ја имате на Hashtag.mk