Животна училница // Приказни
Вистински борец: Малиот Кристијан роден со само 850 грама, по 73 дена на интензивна нега конечно си отиде дома
- 18 Август, 2022

Болницата „Аџибадем Систина“ објави радосни вести за малиот Кристијан, роден со само 850 грама, кој по 73 дена во Одделението за неонатална интензивна нега конечно си оди дома.
- Со одличен тим зад себе, посветеност во работата и професионалност, малиот Кристијан, роден во 26. гестациска недела со само 850 грама, денес си оди дома. Неговите родители, Билјана и Филип, велат дека вечно ќе им бидат благодарни на армијата доктори и најпосветените медицински сестри од NICU, кои се грижеа за својот мал херој - обајвија од „Аџибадем Систина“.
фото:Facebook