ВИВА со гордост ја претставува новата категорија на производи – Viva la Cucina!

Добивај вести на Viber

Компанијата ВИВА, позната по својот врвен квалитет и иновации во индустријата за пијалаци во изминатите 30 години, го проширува своето портфолио со нова категорија на производи „Viva la Cucina“, која вклучува повеќе типови кечапи и доматни сосови.

Новите производи од „Viva la Cucina“ претставуваат комбинација од премиум квалитет и практичност, задржувајќи ги богатите традиционални вкусови и значително олеснувајќи го секојдневното готвење и подготовката на зимници. Категоријата „Viva la Cucina“ е создадена со идеја да одговори на предизвиците на современото динамично секојдневие, кога времето е ограничен ресурс, а обврските се бројни.

Сите производи од оваа категорија се направени од најсочните и внимателно одбрани македонски домати, со цел да донесат автентичен вкус и кулинарска иновација во секоја кујна. „Viva la Cucina“ вклучува пет извонредни вкусови: благ и лут кечап, како и благ (класик), лут (чили) и медитерано (со зачини) доматен сос.

Петте типа на кечапи и доматни сосови се спакувани во практични флексибилни амбалажи со капаче, кои овозможуваат брза и лесна употреба, максимална искористеност и зачувување на вкусот и квалитетот.

„Нашата мисија е да создадеме производи кои не само што внесуваат свежина и иновација во секојдневното готвење, туку и будат задоволство преку вистинските, автентични вкусови на нашето поднебје. „Viva la Cucina“ е резултат на нашата целосна посветеност кон врвниот квалитет и страста со која создаваме нешто посебно за секое семејство, за секоја трпеза,“ велат од менаџментот на ВИВА.

Новата производствена линија е достапна во продажба од почетокот на оваа година, а за првпат беше претставена на годинешниот настап на ВИВА на светскиот саем за храна и пијалаци „Gulfood“, кој се одржа во Дубаи.

Во своето 30-годишно постоење, ВИВА континуирано инвестира во развој на своето портфолио, нудејќи квалитетни, практични и иновативни производи на пазарот. Доматните сосови и кечапите се веќе втора категорија со која ВИВА го проширува своето портфолио оваа година, по успешното лансирање на петте различни вкусови на „Viva Smoothie“.