Кога студентите одлучуваат за својот иден универзитет, тие ја одбираат својата иднина. Нивната одлука за тоа кој универзитет ќе биде дел од нивната биографија, кој факултет нуди најдобра програма и каде се овозможува шансата за поврзување со професионалци од областа за која се одредиле, влијае врз патот на нивниот живот. Се разбира, студентите сакаат да се дел од факултет кој им дава најдобра основа за градење на понатамошен успех. Тоа значи избор на универзитет кој има најдобра академска репутација. Прашањата кои ги интригираат и кои мора да бидат одговорени за да се донесе конечната одлука, варираат од мали детали како, дали посакуваниот факултет на дипломираните студенти им нуди можност да добијат работни места, па се до репутацијата на универзитетот и рангирањето на светските листи. Доколку одговорот на овие прашања е позитивен и ги задоволува критериумите, студентите знаат дека правејќи го вистинскиот избор, се отвора шанса за посета на конференции и семинари, кои обезбедуваат можности за поврзување со експерти и специјалисти од областа што доведува до практикантска работа и вработување. Покрај професионалните бенефити, студентите можат да добијат многу од нивното факултетско искуство како можност да ги прошират своите видици преку шансата да студираат во странство и да учествуваат на различни проекти кои ќе им го збогатат знаењето.
Универзитетите се вреднуваат според ефективна образовна средина, институционалната репутација со најдобрите професори и истражувачи и квалитетните студенти. Секој сака да е дел од победнички тим, а во образованието тоа значи да се инвестира во себе и во најдобриот академски бренд.
А кога зборуваме за врвна едукативна средина, зборуваме за Универзитетот Шефилд присутен во близина преку својата административна единица Меѓународниот факултет Сити Колеџ, лоциран во соседна Грција. Сити Колеџ е еден од шесте факултети во рамките на Универзитетот Шефилд и единствениот кој работи во странство. Со премостување на Велика Британија со Југоисточна и Источна Европа, Сити Колеџ им нуди на своите студенти единствена можност да се здобијат со врвната британска диплома на Шефилд во нивниот регион. Со својот кампус лоциран во Солун, универзитетот се состои од четири академски одделенија – Оддел за бизнис администрација и економија, Оддел за психологија, Оддел за компјутерски науки и Оддел за англиски студии. Динамичното меѓународно опкружување на универзитетот е составено од студенти и високо квалификувани членови од повеќе од 15 земји. Оваа уникатна разновидност придонесува во целокупното учење и припадност во вистински меѓународен амбиент, како и во неговата висока, образовна репутација.
Дипломираните студенти од врвните, признаени универзитети имаат тенденција да станат истакнати професионалци во своето поле, специјалисти или академици и поголема веројатност да бидат среќни индивидуи. Повеќе информации заинтересираните кандитати можат да најдат на линкот.