Внимателно и симболично: Кралицата Ранија на погребот на Елизабета носеше ист фустан кој го облече во 2001 на посебен ден

На погребот на кралицата Елизабета Втора присуствуваа бројни значајни личности, меѓу кои и кралицата Ранија со нејзиниот сопруг Абдула Втори. За настанов сѐ уште не престанува да се пишуваат и анализираат многу детали и случувања.

Сите мораа да го следат протоколот и на погребот на кралицата Елизабета Втора да се појават во црно од глава до пети, па изгледа дека нема многу простор за креативност и експериментирање, но тоа не важеше за кралицата Ранија.

Сопругата на Абдула Втори го избра аутфитот за оваа пригода со потписот на дизајнерката Алесандра Рич, италијанско-британска креаторка, а се работи за долг црн фустан кој истовремено е ненападна и многу ефектна.

Интересно е што кралицата Ранија го избрала истиот аутфит како во 2001 година кога ја запознала Елизабета Втора.

View this post on Instagram

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)



Сопругата на јорданскиот крал не го криеше воодушевувањето од покојната Елизабета Втора и истакна дека е воодушевена од тоа колку британскиот народ бил обединет во жалоста по неа.

– Не само што имаше огромно влијание во текот на нејзиниот живот, туку нејзината смрт ја обедини оваа земја – изјави кралицата Ранија. 

- Никогаш не сум видела такво чувство на заедништво во оваа земја како денес.

Инаку, кралицата Ранија е една од најдобро облечените жени на планетата, па не е изненадување што во секоја прилика наоѓа начин да се истакне и да блесне на културен начин.


фото: Инстаграм