Внуката на Арсен Дедиќ за борбата со болеста: Ја добив генетски, живеам со неа

Добивај вести на Viber

Лу Дедиќ продолжува по стапките на својот познат дедо Арсен и баба Габи Новак.

Лу Дедиќ, внуката на легендарните Габи Новак и покојниот Арсен Дедиќ и ќерката на нивниот син Матија Дедиќ, минатата година го привлече вниманието на себе со учеството на музичкиот натпревар Дора.

Иако оваа година не се обиде да се квалификува за Евровизија, младата уметница продолжува да ја гради својата музичка кариера со свое темпо.

View this post on Instagram

A post shared by ♌︎² (@lu.dedic)



На минатогодишната Дора се претстави со песната „Blue Butterfly“, а потоа објасни дека нејзиниот авантуристички дух ја поттикнал на тоа. 

„Инаку, многу сум енергична и сакам динамичен живот, немам мир, па решив да го прифатам предизвикот и да стекнам ново искуство“, изјави таа за Story.hr минатата година.

После тоа, нејзината кариера продолжи да се развива - веќе во април 2023 година, таа потпиша ексклузивен договор со дискографската куќа Кроација рекордс. Во текот на летото таа имаше можност да настапи на големиот концерт одржан во тврдината Бароне во Шибеник, каде ја изведе својата емотивна песна „Дида мој“ во чест на нејзиниот дедо Арсен Дедиќ.

View this post on Instagram

A post shared by ♌︎² (@lu.dedic)



Покрај музичките ангажмани, Лу успешно ги балансира своите академски обврски. Моментално студира сајбер комуникации и наука, а покрај многуте обврски, отворено зборува и за својот живот со дијабетес тип 1.

„Често постои стереотип дека дијабетесот е предизвикан од прекумерна консумација на слатки, но тоа не е точно, особено не во случајот со типот на дијабетес што го имам. Го добив генетски и не сум придонела за тоа на никаков начин. Секогаш носам инсулин во чантата и го следам нивото на шеќер преку апликација на мојот телефон“. рече искрено.

View this post on Instagram

A post shared by ♌︎² (@lu.dedic)



Младата уметница продолжува да ја освојува музичката сцена, градејќи кариера со автентичност и посветеност, а во исто време ги инспирира другите со нејзиниот отворен пристап кон животот. 

Foto: Instagram / lu.dedic