Во 10 годишна врска со својот татко: Морници ќе вe полазаат

Мекензи Филипс (59) буквално ја шокираше јавноста пред неколку години кога како гостинка во шоуто на Опра Винфри откри дека била во врска со нејзиниот татко, покојниот пејач на „Mamas & Papas “, Џон Филипс. Таа, исто така призна дека нејзиното семејство негодувало откако ги објавила деталите за нивната инцестуална врска.

Актерката сето ова детално го напиша во својата нова книга за третман на зависности и откри дека нејзиното семејство верува дека е виновна за сè што и се случило.

- Не ме повикуваат на родендени забави, лути се од мене и ми кажуваат дека не се подготвени да ми простат. Тие не сакаат да ми простат што сум малтретирана како дете, но и за фактот што зборував за сè во јавност - рече таа.

- Моето семејство сè уште не ми простува на болката и гневот што ги предизвикав кога ја открив вистината за татко ми. Тие ја обвинуваат жртвата и го бранат негативецот. Знаев дека ќе бидам мета на такви реакции затоа што ја кажав вистината која никој не сакаше да ја слушне “, додаде таа.

Мекензи ја открива гадната тајна во 2009 година во „High on Arrival“, во која напиша дека нејзиниот татко ја силувал кога имала 19 години, додека и двајцата биле под дејство на дрога и алкохол. Таа исто така во книгата напишала дека нејзиниот татко ја силувал ноќта пред нејзината венчавка и дека подоцна тие доброволно влегле во врска која траела десет години, сè до 1989 година, кога забременила, ама не биле сигурни дали очекува дете со нејзиниот татко или сопругот. Филипс платил за абортусот, а Мекензи откри дека не сака никој потоа да ја допре.

Џон Филипс беше текстописец и фронтмен на групата Mamas & Papas, кој беше популарен во 1960-тите. Почина во 2001 година, откако се бореше со зависноста од дрога и алкохол. Неговата ќерка долго време се бореше со зависност, но на педесет години одлучи да го промени животот и сега е ангажирана како советник во центар за рехабилитација.

Мекензи спиеше со Мик Џегер на 20-годишна возраст. Тој тогаш беше оженет со најбараниот модел, Џери Хол. За време на сексуалниот однос им пречеше нејзиниот татко, кој, како што вели, бил љубоморен.