Во четири средни училишта настава со физичко присуство: Средношколците разочарани, професорите веруваат во платформата за онлајн

Од вкупно 66 барања за настава со физичко присуство во средните училишта, владината Комисија даде согласност само за четири, односно учениците физички ќе одат во школо само во две државни училишта за деца со посебни образовни потреби, во едно приватно средно училиште, и во едно општинско средно училиште.

По ваквата одлука на Владата, средношколците се крајно разочарани, посочувајќи дека квалитетот на образованието ќе падне на најниски гранки. Сметаат дека имаше многу повеќе начини како барем делумно да се изведува наставата со физичко присуство.

-Свесни сме за актуелната ситуација. Здравствените власти укажуваат дека состојбата се влошува и дека допрва ќе се влошува, особено кога ќе се затвориме ризикот од заразата е многу поголем. Но, имаше безброј предлози за организирање на настава со физичко присуство кои ризикот од ширење на епидемијата би го свеле на минимум во училиштата. Со добро почитување на протоколите, навистина можевме барем дел по дел да седнуваме во училишните клупи. Оваа година треба да матурираме, дел од нас планираат да заминат на студии надвор од Македонија, што ќе покажеме од нашето досегашно знаење. Ова е ненадоместиво, изгубивме секаков контакт со тоа што значи образовен процес, разочарано велат за Фактор средношколци од повеќе скопски гимназии кои сега се четврта година.

За разлика од нив, пак, професорите се надеваат дека Националната платформа за онлај настава добро ќе функционира и дека ќе успеат квалитетно да го предадат материјалот. Велат дека најважно е присуството на учениците, аоние што сакаат да учат, како што посочуваат, ќе ги усвојат новите содржини без никаков проблем.

Повеќе прочитајте на Фактор.мк