Во црно - златен холивудски стил: Лила и Филип ја промовираа „Тешко мене со тебе“

Во стилот на холивудските гламурозни настани, вчеравечер младиот пејач Филип Пешевски и една од најголемите македонски ѕвезди, водителката Лила Филиповска, го промовираа нивниот заеднички видеозапис за песната „Тешко мене со тебе“. 

Пешевски се јавува и како автор на музиката и текстот, а аранжманот е на Роберт Билбилов. 

Видео спотот е во режија на „Томато продукција, а продуцент е Зоран Василевски – Зоки Фаци. 

ВИДЕО:

На Лила не ѝ е прво појавување како пејачка. Таа пред неколку години имаше и своја песна, но овојпат се јавува во улога на гостинка во спотот и го пее рефренот заедно со Филип. 

На промоцијата имаше посебен дрес код- на гостите им беше назначено да носат облека во црна и златна боја.