Во фустан достоен за венчаница: Брижит Макрон предизвика воздишки во Белата куќа (ФОТО)
фото:EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL
Елегантниот фустан во кој се појави г-ѓа Макрон во Америка беше сè освен очекуван.
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит деновиве се во официјална посета на Америка, а пред неколку вечери во нивна чест беше организирана гала вечера во Белата куќа.
Овој настан организиран од американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата избраничка Џил, собра голем број влијателни луѓе, но меѓу најзабележителните беше почесниот гостин - првата дама на Франција. За оваа пригода госпоѓа Макрон избра креација потпишанa од француската модна куќа Луј Витон, а се работи за модел кој американските портали го опишуваат како „фустан достоен за венчаница“. Брижит се појави во фустан кој очигледно е инспириран од античкиот стил, со прав крој, типичен „column фустан“.
Моделот е со долги ракави, затворен е околу вратот, а сребрените детали над градите и во пределот на половината даваат допир на луксуз, истакнувајќи ја нејзината витка фигура.
Брижит Макрон го комплетираше својот изглед со сребрени мокасини и мала писмо-чанта, додека ја прибра косата во ниска пунџа.
извор:GLOSSY
фотографии:EPA
Сопругата на премиерот Ковачевски се дружеше со сопругите на неколку европски лидери: Елена рамо до рамо со Брижит Макрон
Брижит Макрон и кралицата Ранија во битка за модниот трон: Фустани вредни цело богатство, а одлучи еден детаљ (ФОТО)