Во фустан од 218 денари и обувки од 466 денари: Невеста се дотера за малку пари за сопствената свадба (ФОТО)

Американката Џилијан Линч сакала да има совршена венчаница, како и секоја идна невеста, но за разлика од многумина - решила да не троши премногу пари за таа цел. Затоа ги избегнала скапите салони за венчавки и се насочила кон старите добри продавници со облека од втора рака, second hand продавници.

Со оглед на тоа дека оваа кадрава дама бараше едноставен бел фустан, а не вистинска, луксузна венчаница, ова не беше премногу тешка задача. Џилијан набрзо наишла на фустанот од соништата за само 3,75 долари или 218 денари.

Станува збор за половен фустан со потпис на дизајнерката Камила Коељо, чија вистинска цена е 220 долари, а овој модел е сведен и префинет - долг, со тенки прерамки и длабок шлиц.

@jilly_lynch

Put Your Head On My Shoulder - Paul Anka

Џилијан на почетокот не била сигурна во одлуката да носи ваква венчаница на нејзиниот најважен ден, но откако на ТикТок го покажала фустанот, прегледан е повеќе од 2 милиони пати и сфатила дека нема грешка со тој избор.

@jilly_lynch Reply to @kmcb90 I'll Be Seeing You - Billie Holiday

Сепак, таа морала да го однесе фустанот кај шивачката за да направи мали промени, што всушност било најскапиот дел од работата - таму потрошила 110 долари. За чевлите платила 8 долари односно 466 денари, а за шминката и фризурата сама се погрижила, па за целата свадбена облека платила точно 121,75 долари односно 7.100 денари.

„Мислам дека никогаш не сум се чувствувала толку добро за нешто. Вака треба да се чувствува секоја невеста на денот на нејзината венчавка, како да е на врвот на својата убавина. Токму така се чувствував кога го облеков фустанот. “ објасни таа.

извор:zenablic

Невеста се омажи во фустан од 270 денари: За џабе блесна во венчаница од соништата (ФОТО)