ВО ГРЦИЈА ОД ДЕНЕСКА НЕМА МАСКИ НА ОТВОРЕНО: Од понеделник ќе се укине и полицискиот час

Властите во Грција информираат дека од утринава од 5 часот се укинува анти-ковид мерката задолжително носење заштитна маска на отворен простор. Сепак, како што вчера соопшти заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардаљасостанува препораката маските, сепак, да се носат на места, каде што има поголеми гужви, без разлика што се на отворено.

Во затворен простор препораката за задолжително носење и натаму важи.

Од понеделник, 28 јуни, се укинува и полицискиот  час, а на масите во угостителски објекти ќе биде дозволено да седат до 10 лица. 

Подетално читајте на Фактор, тука.