Во Грција од средината на јуни: Кои туристи ќе уживаат на плажа овој период

Туристичките објекти јужниот сосед планира да ги отвори во периодот од 15 јуни до 1 јули. Во Грција може да се оди на одмор од средината на јуни, но ова важи само за туристите од Балканот.

Од 4 мај земјата се враќа во нормала. 

Грција планира да им дозволи влез во државата на туристи само од одредени земји, главно од Балканот, а за гостите од западноевропските држави каде што вирусот „коси“, најверојатно ќе има забрана. 

Сезоната во Грција годинава треба да трае подолго.

Дека туризмот во Грција наскоро се враќа во живот, потврди и портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.

„Полека, до крајот на мај, средината на јуни во голема мерка ќе се вратиме во нормала. Најголемиот проблем и најголемата наша грижа во однос на економската активност е туризмот“, вели тој. 

Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис исто така кажа дека ќе се отворат границите за туристи.