Во Италија сме со месеци и повеќе немаме средства, не знаеме веќе како понатака: Потребни сме му на малиот борец Лука за поскоро да продолжи да се радува на животот
Сигурно се сеќавате на малиот Лука кој имаше само 16 месеци а животот прерано го направи борец кој го чекаше тешка борба.
Во претходно интервју за Женски магазин, мајката на Лука раскажа дека прогнозите на лекарите биле дека детето од 720 грама нема да преживее, а советите - да абортира, за среќа мајчинскиот инстинкт на Надица преовладал - момчето кое се роди само 720 грама, Лука Ристов стана херој кој ја доби една од многуте битки со животот, кој за жал сега повторно го исправува пред нови предизвици.
Лука е роден предвреме со само 720гр, подоцна му е дијагностицирана микроцефалија и глувост, после сето ова имаше комплексна дијагноза – тумор на црниот дроб. Дојде до влошување на состојбата поради зголемување на туморот. Опцијата за неговото лекување беше да се направи оперативен зафат, за кој никој не се нафати во Македонија бидејќи требаше во исто време како што ќе се извади зафатениот дел од црниот дроб со туморот, да се трансплантира нов.
-Лука во Италија примаше терапија за намалување на огромниот тумор кој зафаќаше шест седмини од целокупниот орган. Успеаја да го намалат туморот, и потоа да го оперираат и направат трансплантација, раскажува Надица.
Благодарение на професионалниот тим на докторите во Италија, Лука ја издржа операцијата, после денови и денови на апарати успеа да се избори и да се насмее. По долг престој во болницата го виде сонцето и се радуваше на животот.
За жал, сега семејството Ристови е во тешка финансиска состојба, лекувањата во Италија продолжуваат, а животот таму не е евтин, затоа сега сме им потребни ние, да ја покажеме нашата хуманост на дело и да донираме.
Донацијата можете да ја направите преку Фејсбук страницата за донирање на следниов линк Help for this little fighter Luka .
*Или кликенте на фотографијата за линк до страницата за донација.