Во контроверзни панталони: Меган Маркл изненади со стајлингот (ФОТО)

Поранешната војвотка блескаше во лежерен стил кој вклопува навидум некомпатибилни материјали.

Меган Маркл изрази јавна поддршка за финалистот на шоуто Америка има талент, па му се обрати преку видео порака. Имено, станува збор за Арчи Вилијамс, човек кој со години беше лажно обвинет во затвор, а по ослободувањето се бореше за победа во ова шоу.

Сепак, иако не победи, поддршката од Меган Маркл, поранешната војвотка од Сасекс, сигурно му значеше. За оваа пригода Меган Маркл носеше свилена кошула со потпис на Викторија Бекам, но и кожни црни панталони.

Свилата и кожата овојпат се покажаа како многу ефикасна комбинација, а интересно е што Меган сега носи кожени панталони, додека претходно тоа не требаше да го прави. Имено, тоа е парче облека што не се смета за соодветно како за член на кралското семејство.

Меган го надополни овој несекојдневен стајлинг со обетки и нараквица, а косата ја собра во „опуштена“ пунџа.

-Меган Маркл и принцот Хари снимаат свое реално шоу: Камери ќе ги следат во следните 3 месеци
-(ФОТО) Меган Маркл во кошула на Викторија Бекам: Едноставен и шик изглед
-Вкусно и корисно: Како да си го подготвите омиленото смути на Меган Маркл