Во костум или не, тие се најзгодните во регионот: Настрана од политиката - се мелем за очи

Политиката не е секогаш наша омилена тема, плус тоа можеме само да се нервираме околу неа. 

Политичарите и нивните ветувања веќе ни се преку глава, исто како и нивните неспособности и досадни костуми.
Но, секогаш има исклучоци, оние ретко - згодни политичари, а бидејќи нема многу такви, сигурно нема да постигнеме парламентарно мнозинство, тешко дека ќе гласаме за нив на секои четири години, но ако ги избираме најзогдните политичарите од регионот, тие секако можат да сметаат на нашиот глас.

Ги одбравме двајцата најзгодни во регионов:

  • Чедомир Јовановиќ - Србија

Чедомир со години е познат како еден од најзгодните, ако не и најзгодниот во целиот регион. Српскиот политичар својата популарност ја должи на жените, но пред сè, на неговото прекрасно лице, но и неговото извајано тело, кое го покри со бројни тетоважи.

  • Дамир Хабијан - Хрватска

Овој хрватски политичар редовно објавува разголени слики на социјалните мрежи и не ја крие својата страст кон спортот и теретаната. Честопати е во медиумите токму заради извајаното тело.