Во кралството на школките: Внуката на Благица Калева наполни годинка

Повеќе од две ипол децении пее на македонската фолк сцена. Има прекрасен глас и стас. Доминира кога ќе се појави на сцена. Благица Калева е пејачка која секогаш пее со емоции и која е пример за силна и храбра жена, а пред се‘ мајка.

По загубата на сопругот Костадин и ќерка ѝ Викторија, кои загинаа во сообраќајна несреќа таа продолжи да живее и твори за ќерка си Марија. Марија израсна во прекрасна убавица и успешна дама. Таа пред една година роди девојче. Малата Софија е гордост на баба Благица.

Девојчето пред неколку дена наполни една годинка. Дел од атмосферата, радоста и амбиентот од роденденот на внуката среќната баба ги сподели на социјалната мрежа Фејсбук.


Фото: Фејсбук/Официјален профил Благица Калева

Можеби ќе ве интересира:

Ова е македонската жена Феникс: По ужасната трагедија, пејачката продолжи напред