Во Куманово се бара маска повеќе: Шивачките се фатија за работа за да помогнат

Откако опасниот коронавирус се прошири во Куманово, се бара и маска повеќе.

На улиците многу ретко се случува да се сретне граѓанин кој не носи маска. Освен што можат да се купат во аптеки, маски нудат и жени кои дома ги шијат, а потоа ги продаваат на граѓаните по нарачка.

„Поради настанатата ситуација (ние занаетчиите кои досега шиевме и нудевме производи, од типот свечени фустани и венчаници, за свадби и други свечености), решив да шијам маски за заштита од платно. Цената не ја ставив за да печалам, туку да биде прифатливо, а мене трудот и вложениот материјал да ми се исплати, и секако тука е струјата, киријата, репроматеријалот. Продадов околу 1.000 парчиња, од кои 500 ми беа по набавна цена кои беа донирани од здружение на угостители од Куманово. Се молам што побрзо да заврши оваа ситуација и напнатост меѓу луѓето, и пак да продолжиме со секојдневните навики и живот“, вели Фросина Митевска, шивачка од Куманово.

Целата сторија за хуманоста, поддршката во оваа време-невреме прочитајте на Фактор.