Во правилата на плажата никаде не ги пишува безбедносните мерки: Во меѓувреме од „Градиште“

Границите се отворени, полицискиот час се укина, кафеаните и кафулињата се преполни, плажите во нашата држава се преполни, а безбедносните мерки за заштита од коронавирусот како да се заборавија. Луѓето понекогаш се однесуваат како ништо да не се случува, а за оваа непретпазливост говорат и бројките кои растат од ден на ден.

Редакцијата на Женски Магазин ја посети една од плажите на автокампот „Градиште“ во Охрид. Лежалки и пешкири на плажа без никакво растојание, групирани луѓе, но она што најмногу се истакна беа правилата на плажата.

Имено, во листата со правила беа набројани сите вообичаени правила, како на пример: Пливај во обележаниот простор; Не палете оган на плажата; Не фрлајте отпадоци на плажата; и други слични правила на набројаните. Но, никаде не стои барем кратки известување за вообичаените безбедносни мерки, кои на сите треба да ни бидат постојано пред очи, за да не потсетуваат на тоа дека треба да внимаваме.

Во продолжение погледнете ја целата галерија што ја направивме од плажата „Градиште“: