Вo секој гардеробер во куќата поставете тегла со ориз: Трик поради кој ќе ви завидуваат сите што ќе влезат во вашиот дом!

Така целата куќа ќе мириса прекрасно

Ќе ви треба стаклена тегла, ориз и неколку капки етерично масло за да го направите овој освежувач за вашиот гардеробер.

Оризот ќе ги впие сите мириси на етеричното масло, па собата ќе замириса за миг.

Овој метод е сосема природен, а мирисот ќе трае и до неколку месеци. Покрај тоа, ова е многу подобар избор од купувањето освежувачи за воздух, бидејќи тие се полни со хемикалии.

Можете да изберете масло од кој било мирис, но најефикасно за отстранување на смрдеата е маслото од маточина.

Еве како да го направите:

Наполнете ја теглата со ориз.

Додадете 10 до 20 капки од вашето омилено етерично масло.

Покријте, а потоа добро протресете за рамномерно да се распореди маслото врз зрната ориз.

Отстранете го капакот, покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумица.

Кога ќе се намали интензитетот на мирисот, само протресете ја теглата или додадете уште неколку капки масло.

Вака изработениот освежувач можете да го чувате во собите или пак да го ставите во гардероберот за облеката да го добие тој мирис.

Извор: stil.kurir.rs