Во син фустан и сосема поинаков стил: Се сеќавате ли на првиот настап на Констракта на Беовизија? (ВИДЕО)
Иако постигна неверојатен успех со песната „In corpore sano“, ова не е првпат Констракта да се обиде да биде српски претставник на Евровизија, а на тогашната Беовизија се претстави во многу поинакво издание од ова сега!
Апсолутната победничка на „Песна за Евровизија 2022“ во Србија е Ана Ѓуриќ Констракта и нејзината песна „In corpore sano“. Констракта ќе ја претставува Србија во Торино на 66-тото издание на Евровизија, а иако на почетокот не важеше за фаворит, по настапот во првата полуфинална вечер од натпреварувањето успеа да ја освои публиката и за многу кратко време да се најде на првото место на трендинг на Јутјуб.
Ана Ѓуриќ и понатаму ги собира впечатоците, а откри и дека веќе почнува со подготовките за настапот во Торино. Сепак, иако досега постигнала неверојатен успех, ова, всушност не е првпат Ана Ѓуриќ да се обиде да ја претставува Србија на Евровизија. Во далечната 2009 година, Констракта со својот тогашен бенд „Земља грува“ настапуваше на тогашната Беовизија. Тие се претставија со песната „Свеједно је“, а таа година за Марко Кон беше одбран да ја претставува Србија на Евровизија.
Констракта физички не изгледа многу поинаку таму, но промената во нејзиниот стил е очигледна. Тогаш настапуваше во син фустан и во високи потпетици, а друштво на сцената ѝ правеше, секако, нејзината колешка од „Земља грува“, Зое Кида, која исто така се натпреваруваше на овогодинешниот фестивал со песната „Бејби“.
Како тоа изгледаше во 2009 година, погледнете во продолжние:
фото: Принтскрин / Јујтуб