ВО ЖИВО: Погребот на Кралицата Елизабета II

Кралицата Елизабета Втора (96) ќе биде погребана денеска во Лондон во присуство на членови на британското кралско семејство и повеќе од 500 функционери од целиот свет. 

„Погребот на векот“, како што го нарекуваат британските медиуми, преку директен пренос ќе го следат милиони луѓе ширум светот.

Државниот погреб започнува напладне во Вестминстерската опатија. Ковчегот на кралицата со денови се наоѓа во Вестминстерската сала, каде илјадници луѓе чекаа со часови да ѝ оддадат последна почит.

Светските лидери и познати личности ќе се соберат во црквата од 13 век, а кралската придружба ќе ја предводи погребната поворка зад ковчегот на Елизабета. Погребот ќе трае до вечерните часови. Телото ќе биде положено во замокот Виндзор во приватна погребна поворка.

Вие може да го следите директно во видеото подолу: