Водечките лица од Балканската музичка сцена на Викенд Медиа Фестивал: Како дигитализацијата влијае на музичките трендови?

Добивај вести на Viber

Северина, Тончи Хуљич, Раста и Рексона на Викенд Медиа Фестивал ќе дискутираат за вртоглавата популарност на новите жанрови домашна музика и како влијаат дигиталните платформи на трендовите во музиката

 Како новите жанрови домашна музика и музички артисти од Балканот стасаа до распродадени клубови ширум регионот и милионски прегледи на ЈуТјуб (YouTube)? Дали овие видови музика станаа “mainstream“ и како дигиталните платформи ги обликуваат трендовите во индустријата ќе се дискутира во рамки на 12. издание на Викенд Медиа Фестивал од страна на водечките лица од Балканската музичка сцена: Тончи Хуљич (Tonči Huljić), Северина (Severina), Стефан Џурич Раста (Stefan Đurić Rasta) и Реља Миланковиќ Рексона (Relja Milanković Reksona). 

На панелот Kој таму пее? Нов бран музички трендови во Регионот ќе се зборува за вртоглавата популарност на новите жанрови домашна музика и дигитализацијата на музичката индустрија. Ќе се анализира и како се снаоѓаат оние кои со децении царуваат на естрадата во период кога популарноста на ЈуТјуб е порелевантна од топ-листите, а Инстаграм (Instagram) е поважен од сите весници.

“Оние кои знаеја и умееја да направат хитови пред дигитализацијата, знаат и умеат и сега. Интернетот ни даде простор и ни овозможи да достигнеме до публика до која претходно не можевме, иако, мислам дека до својата 30-та година луѓето слушаат што сакаат, а потоа доаѓаат на мој терен“ – изјави Тончи Хуљич.

Северина истакнува како со развојот на новите технологии во последните десет години завладеаја и нови трендови во музичката индустрија. „Токму овие нови трендови, како што се ЈуТјуб, Дизер (Deezer), Спотифај (Spotify), но и социјалните мрежи, нас музичките артисти ни помогнаа нашиот глас, односно песните, да се чујат во секој дел од светот. Нормално дека сѐ уште постои онаа публика која сака физичко ЦД, но денешните генерации целиот свет, вклучувајќи ја и музиката, го гледаат преку екраните на своите паметни телефони.  На денешната публика не можете да и наметнете што да слуша, затоа што и понатаму – најважна е песната. Без разлика дали е на ЦД, на винил, на ЈуТјуб, или пак на некој стриминг сервис, песната е онаа со која ние, музичките артисти, остваруваме емотивна поврзаност со својата публика, која на крај се гледа или не, на концертите. Со оглед на тоа дека отсекогаш сум експериментирала со музиката и сум истражувала нови стилови, логично, ги истражував и новите канали на комуникација со својата публика, што на крај се покажа како правилно. Навистина се радувам на новите работи кои пристигнуваат.“ – изјави Северина.

На авторот и музичар Тончи Хуљич и регионално популарната Северина, во рамки на дискусијата ќе им се придружат и српскиот рапер и автор Стефан Џурич Раста, основач на дискографската куќа Балкатон и Реља Миланковиќ Рексона, продуцент и коосновач на издавачката куќа Басивити Мјузик (Bassivity Music). Онлајн музичките платформи ги отворија и националните граници, па добивме и нови регионални ѕвезди и нови жанрови музика кои ги слуша целиот Балкан.

„Оваа панел дискусија е простор, каде мојот глас како претставник на 'новиот бран’, заедно со останатите учесници на панелот, може да донесе нови искуства, да едуцира, а со самото тоа и да ја дополни сликата за денешната музичка сцена во регионот, и ова навистина ме радува“ - изјави Стефан Џурич Раста.

Реља Миланковиќ Рексона нагласи: „Многу се радувам што на Викенд Медиа Фестивал ќе имам можност да ги демистифицирам причинителите на промени во рамки на регионалната музичка сцена, нивното значење како и патот по кој ќе нѐ водат овие промени во иднина“.

Дали дигитализацијата добро или лошо влијае на стандардната музичка индустрија, колкаво е навистина влијанието на радио топ листите откако добивме музички платформи и дали новите жанрови се подеднакво популарни и во рамки на традиционалните медиуми можете да дознаете на Викенд Медиа Фестивал од водечките лица на Балканската музичка сцена. Некои ја креирале, некои се најуспешни во нејзини рамки, а некои и најдолговечни учесници.

Овогодинешниот, 12. Викенд Медиа Фестивал ќе се одржи од 19. до 22. септември во Ровињ, а покрај интересните предавања и провокативните и конструктивни дискусии за трендовите во медиумската индустрија, овој фестивал е познат и како место за најдобра забава.