Водич: како оптимално да ја користите машината за перење и да ја одржувате облеката како нова подолго време

Кој не знае како да вклучи машина за перење? Овој уред влезе толку многу во нашето секојдневие што тешко можеме да го замислиме животот без него.

Скоро секој ден во домаќинствата се вклучува барем по еднаш машина за перење облека, а домаќинките ќе кажат дека тие знаат како се перат алишта и кои детергенти се најдобри или најлоши, но сепак и најголемите мајстори прават грешки при перењето со овој апарат. Многу луѓе не знаат, но постојат неколку основни правила кои мора да се почитуваат при перење облека.

Како да се сортираат алиштата и на колку степени да се перат?

Многу луѓе мислат дека при изборот на програма, најчесто температурата на која се пере облеката треба да биде висока, бидејќи мислиме дека зовриената врела вода ги отстранува дамките и сите бактерии умираат. За жал, ова не е секогаш добро. Ако имате добра машина за перење и правилно избран детергент, тогаш нечистотијата ќе исчезне на многу пониски температури.

Важно е да се знае дека облеката ја задржува својата форма подобро во ладна вода. Истото може да се каже и за машината за перење. Работи многу подолго и подобро ако ја користите почесто на пониски температури. Само нештата што треба да се дезинфицираат - постелнина, крпи, пелени - треба да се перат на повисоки температури, затоа програмата на 90 степени е за перење и дезинфекција на многу извалкана постелнина и памучна облека.

Поточно, британските експерти откриваат дека перењето облека на 60 степени е доволно за да се убијат бактериите и вирусите на облеката која ја носиме секојдневно.

За да се исчистат алиштата длабински и хигиенски одлични се машините кои работат со помош на пареа. Циклусот на хигиенска пареа го подобрува квалитетот на перењето без претходни третмани. Ослободува пареа од дното на барабанот, така што секое парче е темелно натопено. Ја отстранува закоравената нечистотија и 99,9 % од бактериите и алергените.

За сите други ткаенини, максималната температура при перење на облека треба да биде 30-40 степени. Особено ако станува збор за ново парче облека, свила, синтетика или волнени работи. Одлично за машините за перење е што на вакви температури беспрекорно ги перат детските плишани играчки и мечиња, но и најизвалканите патики со кал.

За алиштата да бидат навистина чисти и без дамки, дури иако тие се навистина валкани, постојат машини кои ја користат функцијата „Bubble Soak“ што помага да се отстрани широк спектар на тврдокорни дамки како крв, чај, вино, шминка и трева. Облеката добро се натопува во активни меурчиња, со што нечистотијата и дамките омекнуваат и можат поефикасно да се отстранат.

Правилно да се наполни машината

Нема потреба да се преоптоварува барабанот на машината за перење со алишта, бидејќи поради тоа, облеката се кине и машината често се расипува.

Најдобро е да има барем една тупаница слободно место во барабанот, бидејќи преполна машина за перење никогаш нема да ги испере добро алиштатата- тоа е совет кој се пренесува од мајка на ќерка, со генерации.

За да не ја оштетите машината, нo и останатата облека треба да знаете дека патентите на тренерките треба да се закопчаат пред перење, бидејќи патенот може да оштети други работи, а подобро е да ги оставите копчињата на кошулите откопчани.

Костимите за капење, како и друга облека изработени од спандекс и еластан, се строго забранети за миење во машината за перење. За нив само ладна вода и миење на раце.

Ако ги перете јорганите и перниците во машината за перење, исперете ги двапати: пердувите ja задржуваат пената и по едно плакнење, детергентот може да остане, истото важи и за зимските јакни.

Покрај што треба секогаш да биде правилно наполнета, машината за перење мора да биде секогаш хигиенски чиста. Со опцијата „Drum Clean +“ се отстранува 99,9 % од бактериите кои предизвикуваат непријатна миризба во барабанот, без користење на скап детергент. Моќниот млаз вода и брзото центрифугирање исто така отстрануваат нечистотија во гумената заптивка на вратата.

Правилно дозирање на детергентот

Премногу детергент за перење или премногу сапуница, може да се задржи на места како јаките на кошулите. Ова ќе предизвика акумулација на бактерии, што секако сакаме да ги избегнеме со перење.

Една од највознемирувачките работи околу алиштата е преостанатиот нерастворен детергент за алишта на веќе испрана облека. Некои ткаенини може да бараат перење на 30 или 40 степени, што го отежнува растворањето на сувиот прашок за перење. Ова не може да биде случај со течните препарати, што ги прави попогодни од оваа гледна точка. Затоа најдобро е да изберете течен детергент за шарени и за црни алишта, додека пак прашок за белите алишта.

Двата типа на детергент може да предизвикаат оштетување на машината за перење и облеката. Прашокот за перење може да ги заглави млазниците на машината за перење облека со нерастворени остатоци, што ќе го блокира нормалниот проток на вода. Течните детергенти пак, иако има упатство за користење на нив, ние ретко го почитуваме тоа и најчесто ставаме повеќе детергент од потребното, а преголемите количини на течен детергент може да ја оштетат машината за перење и облеката.

Затоа за да не трошите залудно детергент и да го избегнете здодевното чистење на фиоката за детергент, постои фиоката „StayClean“ која  овозможува да се испере поголем дел од детергентот со помош на специјално дизајнираниот систем за вода. Па така, има помалку непријатен остаток од сапун, а садот останува почист и похигиенски.

Одлично решение за помалку трошење и труд е опцијата „ AI Wash“ која користи 4 видови сензори за да ја евидентираат тежината на облеката и го пресметуваат оптималното количество вода и детергент. Сензорот за заматување го следи нивото на валканост и, ако е потребно, додава повеќе детергент или го продолжува времето за плакнење. 

Кои бои треба да се одделат, а кои да се комбинираат заедно?

Секогаш треба да бидеме внимателни кога избираме какви бои на алишта пуштаме да се пери во машината. Иако често се двоумиме и сме несигурни, секако тука важат оние стари златни правила дека треба да се одделат бели си светлошарени, и црни со темношарени алишта. Особено треба да бидеме претпазливи со јаки бои, како на пример црвената, која кога ја мешаме со шарени, може да пренесе од својата боја на некоја посветла.

Совет плус: Во денешно време кога купуваме нова машина за перење алишта, една од најважните работи е машината да биде тивка за да може да ја пушите дури и во текот на вечерта, а да можете да спиете мирно и вие и вашите соседи. Исто така едно од барањата кога купувате машина за перење алишта сигурно е да не троши многу струја и да биде економична. Токму Samsung машините за перење и сушење на алишта гарантираат чиста и свежа облека, со иновативната QuickDrive технологија која што времето на перење го намалува за дури 50 проценти, а потрошувачката на енергија за 20 проценти. Со тоа, AddWash функцијата им овозможува на корисниците да додадат алишта и тогаш кога циклусот на перење е веќе започнат.


*Пр објава