Водич за родителите - Како да го изберете најдобриот банкарски пакет за вашите деца

Добивај вести на Viber

Во текот на целиот процес на растење и воспитување на децата родителите се обидуваат да ги научат децата за вредноста на парите, вложувањето за заработка и леснотијата на трошењето. Најчесто на децата им е тешко да ги разберат овие теми, навидум тие личат како нешто неразбирливо и комплицирано, и најчесто овој тип на финансиски одлуки ги оставаат во рацете на родителите.

Родителите имаат голем удел во финансиската едукација на децата, принципите на трошење и штедење, односно управување со парични средства. Од огромно значење за децата е уште од мали нозе да се запознаат со некои основни поими од финансискиот свет со цел да можат во одреден момент да ја согледаат разноликоста на изборот, соодветно да анализираат и да го одберат вистинското решение.

Изборот на најдобриот финансиски пакет за вашите деца и банката која ќе им биде партнер во текот на нивните средношколски и факултетски денови, а потоа и при првото вработување е важна одлука што може да ги постави темелите за нивната финансиска писменост и идните вештини за управување со пари. Целта е да се најде рамнотежа помеѓу флексибилноста, трошоците и образовната вредност и да се воведат најмладите во светот на банкарството на начин кој е безбеден и едукативен, помагајќи им да развијат силни финансиски навики за живот.

Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов банкарски пакет Halk EZ, кој што е прилагоден на стилот и животните навики на секој современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување, а идејата е Halk EZ да прерасне во платформа што ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство.

ПакетотHalk EZ (Halk Easy)претставува иновативен банкарски пакет што нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години. Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPay,SmartSend и SmartCash.

Пакетот е креиран за да одговара на секојдневните потреби на сите млади луѓе, студенти, средношколци и млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии.

Дополнително, како дел од оваа иницијатива, Халкбанк ќе поддржува и поттикнува финансиска едукација на младите, културно-забавни настани и активности, како и корисни општествено-одговорни практики, пред сè во делот на заштита на животната средина.

ПР објава