Водителката Милена Антовска распали по Министерството за здравство: Зона самрак на Инфективно

Водителката Милена Антовска раскажа на Инстаграм низ каква голгота поминала.

Имено, добила стомачен вирус кој вели дека „ја утепал“ десет пати повеќе од прележаниот коронавирус и завршила со инфузии, а апелира да внимаваме оти лесно се пренесува. 

Брза помош не доаѓала бидејќи немале што да направат, но додава дека имала среќа што имала пари за да појде на приватно, ама посочува - „што со оние кои немаат пари за тоа“? 

Во приватната болница примила инфузија и не и делувала, па ја препратиле во Државна болница. Е таму се случувал хоророт според неа. Ја испратиле на инфективно. Бидејќи било рано сабајле, немало ниту еден човек, буквално никој, ни доктор, ни сестра... Само еден чувар кој внатре пушел цигара. Од таму морала да оди во друга клиника за да ја добие потребната помош и да и ги направат потребните испитувања.

„Министерство за здравство, дали се слушаме?! Сакам да ја искористам оваа социјална мрежа за да апелирам да се подобри нешто, не да биде дека само се фотографираме и објавуваме фини нешта“- вели Антовска.

Таа разбира дека докторите посебно овој период се многу зафатени, но тоа не значи дека на клиника не треба да има никој. Не сакала ни да „фаќа“ врски и со тоа да ја искористи позицијата како познато тв. лице.


Фото: Инстаграм/Милена Антовска