Водителката Ведрана комплетно го смени имиџот: Уживав во трансформацијата (ФОТО)
Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ ја изненади публиката и ТВ гледачите со својот сменет имиџ.
Ведрана има природна кадрава коса која е нејзин заштитен знак, а овојпат, таа се појави со надградба на косата која ѝ беше сосема права. Ведрана, заедно со нејзиниот колега Миро Кацаров беше водителка на „Макфест“, а водителска двојка се и во нивната емисија „Голден карпет“.
-Идејата целосно беше на Зоки Давитков, кој е гуру во Македонија за надградба на коса. Оставив буквално сè во негови раце. Само му кажав дека сакам косата да ми биде зајакната со неговите екстензии, го извади најдоброто од мене и ми направи две трансформации, за кои бев пресреќна и ги прифатив уште како идеја кога ми ги кажа. Кога видов каков професионалец е, не сакав да се мешам воппшто. Генерално за секоја работа гледам да работам само со серизони професионалци кои ги почитувам многу, и штом сум дошла и сум им дала.доверба, не се мешам во нивната работа“, коментира водителката за својот имиџ.
Ведрана вели дела нејзините блиски и публиката реагирале одлично, и добила само позитивни коментари.
„На некои им се допаѓаше повеќе фустанот и стајлингот на првата вечер, на некои на втората. Но, секако изгледаше многу поинаку во живо и на ТВ. Добив многу слики како изгледало на телевизија и сфатив дека многу се разликува. А тоа може да се види и по фотографиите од вашиот фоторепортер“, додаде Ведрана.
Во однос на имиџот, таа вели дека сепак самата најмногу си се допаѓа со нејзината природна коса.
-Јас најмногу си се допаѓам со мојата коса, тоа сум јас. Но уживам кога се препупштам во раце на професионалци и ми прават трансформации со изгледот. Очигледно дека и јас и тие уживаме во трансформацијата“, вели Ведрана.
(М.Џ.)
Фото: В.Тануровски