Водителот Иван Ивановиќ стана татко по вторпат: Ја покажа наследничката, а откри и како ќе се вика

Водителот Иван Ивановиќ стана татко по вторпат, а убавите вести ги сподели со целиот свет на својот Инстаграм профил.

„Луѓе, се роди Лола Ивановиќ. Мојата втора ќерка! Толку од мене за денес“ - напиша пресреќниот водител и сподели фотографија од својата штотуку родена ќерка.

Иван и неговата девојка Ања Петровиќ се воодушевени што станаа родители, а честитките на социјалните мрежи не престануваат да стигнуваат.

Иван и Ања веќе четири години уживаа во својата љубов. Додека за таа врска Иван никогаш не зборуваше во интервјуата, самата Ања не ни сакаше да им се претстави на медиумите, бидејќи не е некој кој припаѓа на јавната сцена. Среќни во својата приватност, досега не даваат премногу мотиви за да се пишува за нивниот однос, но веста за новиот член промени сѐ.

На познатиот водител и комичар ова му е второ дете, бидејќи веќе ја има 17 - годишната ќерка Сташа, која ја доби од бракот со поранешната сопруга Зорица Тривиќ. Неговата прва ќерка има многу убав однос со сегашната девојка на Иван, па сите заедно се радуваат за новиот член на семејството.

View this post on Instagram

A post shared by Ivan Ivanović (@veceivan)


Може да ве интересира:

Очекуваат заедничко дете, за него таа е херој: Која е девојката што го освои срцето на Иван Ивановиќ

фото: Принтскрин