Волшебник, не дизајнер: Ели Сааб уште еднаш докажа дека владее со високата мода, а секој фустан е мало ремек дело и на најубав начин ја слави женственоста (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Либанскиот дизајнер Ели Сааб претстави нова колекција на модната недела во Париз, со што уште еднаш докажа дека малкумина можат да застанат на патот на неговата визија за раскош, гламур и женственост. 

Фото: Profimedia


Овој моден волшебник уште еднаш не воодушеви со прекрасни креации кои покажуваат дека класиката е навистина ненадмината, но секако збогатена со трендовски детали и нови форми.

Фото: Profimedia


Саб понуди луксузни, прекрасни кроеви и најубавите свечени материјали - сатен, свила, тул, префинета тантела... Флертуваше и со идејата за „голи“ фустани нудејќи ги во различни варијанти и покажувајќи дека како е можно да се биде облечен провокативно, а сепак толку елегантно во исто време.

Фото: Profimedia


Ни се допаѓаат и боите на оваа модна ревија - светло сина, светло кафена, бела, боја на кожа, малку сребрена и златна, а за да биде сè малку поживо, земена е киви зелената нијанса која се вовлекла на неколку места во колекцијата. 

Фото: Profimedia


Погледнете дел од моделите во нашата галерија:

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Profimedia