Ѕвонарки - модел на панталони кој го обожуваат и познатите дами: Вака ги носат Ана Ивановиќ, Наташа Беквалац и Јелена Ѓоковиќ (ФОТО)
Заборавете на тесните фармерки и панталони, оваа сезона акцентот е ставен на полежерните, пошироки модели, а еден особено се издвојува од сите други. Бутиците се преплавени со модели со ѕвонарки, а ни се чини дека нема девојка која веќе ги нема набавено овие панталони.
Познатите убавици и трендсетерки „полудеа“ по овој модел, па во ѕвонарки периодов гледаме доста дами, едноставно сите сакаат да носат панталони во форма на ѕвонче.
Неодамна таков модел облече и Јелена Ѓоковиќ, која е претежно верна на класиката и ретко посегнува по модни новитети, но и таа не одолеа на овој ретро тренд. Таа одбрала кожни ѕвонарки во црна боја, а ги искомбинирала со бебешко сина, мека плетена ролка.
И Ана Ивановиќ оваа есен купи фармерки ѕвонче модел, од светол тексас со искинати детали на колената, а ги носи со патики и симпатичен, беж џемпер. Познатата тенисерка ги носеше на опуштена прошетка низ градот, а првенствено се наменети за урбани, лежерни изданија и најдобро изгледаат во вакви верзии.
Ѕвонарките се шик модел кој одлично им стои на повеќето дами, а лесно се комбинираат и ја прават секоја комбинација поурбана. Кога ги носите со сако и кошула, тие се идеален избор за работа, а доколку ги носите со топол џемпер, едноставна маичка или рол, тие се претвораат во удобно парче за секојдневна прошетка или кафе со пријатели. Еден таков класичен модел за себе избра и Наташа Беквалац.
Панталоните со ѕвоно се карактеризираат претежно со подлабок струк и ја следат линијата на телото до коленото, кај нозете почнуваат да се шират.
извор:najzenaМанекенката Тамара Чуприна во кожна јакна демонстрира мода низ улиците на Италија (ФОТО)