Возбудлива средба на „пријателките“ на Еми наградите: Конечно заедно

Кој би претпоставил дека дури и виртуелното доделување на наградите „Еми“ оваа година би биле полнo со изненадувања? И не само заради победниците кои ја зграбија престижните статуетки.

Откако ја покажа својата одлична фигура во неверојатен црн фустан од сатен, го објави првиот победник на вечерта и го изгасна огнот на сцената, Џенифер Анистон побрза да се врати дома за да не ја пропушти категоријата во која беше номинирана – најдобра актерка во главна драматична улога за нејзината улога во „Утрински блок“.

Меѓутоа, кога Анистон виртуелно го контактираше водителот Џими Кимел, се покажа дека актерката не е сама ...

Кортни Кокс и Лиза Кудроу се појавија рамо до рамо со нивната колешка за виртуелната церемонија, претворајќи ја во возбудлива средба на „Пријатели“.

View this post on Instagram

A post shared by Entertainment Tonight (@entertainmenttonight) on




Џими Кимел ја праша Кортни Кокс што прави таму, а таа одговори: „Секако дека сум тука – ние живееме заедно!“

„Навистина?“, продолжи збунетиот водител, а Анистон одговори: „Хм, да, па ние сме цимери од 1994 година, Џими!

Во тој момент на екранот се појави Лиса Кудроу: „Неверојатно, дали и вие живеете таму?“

„Да, каде на друго место да живеам?“, одговори Кудроу.

Никогаш не сонувавме да ги видиме Рејчел, Моника и Фиби заедно сега, но трите актерки кои ги воодушевија обожавателите на сериите ширум светот, уште еднаш ги изненадија фановите.



Новата епизода на култната серија „Пријатели“ ќе го собере триото заедно со другите sвезди - Мет Лебланк (Џои), Метју Пери (Чендлер) и Дејвид Швимер (Рос), снимањата беа одложени поради коронавирусот. Но, тоа само значи дека тимот има повеќе време да создаде одлично шоу!

„Ќе биде одлично“, изјави Анистон за „Дедлајн“. "Знаеш што? Ова ни дава повеќе време да го направиме уште повозбудливо и позабавно. Затоа, не сакам да размислувам за доцнењето како полу-полна чаша. Видете, ние нема да одиме никаде. Никогаш нема да се ослободите од „Пријатели“, жал ми е. Заглавени сте со нас за цел живот, момци!“.

Специјалната епизода ќе ги собере шесте пријатели на оригиналната сцена за да се потсетиме на хит серијата што ги претвори во светски познати sвезди. Сепак, ова нема да биде нова епизода: „Актерската екипа ќе се појави како самите нив, а не како нивните омилени ликови“, се вели во соопштението на „
HBO“.


Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Најубавите фустани на „Еми 2020“ од домашна атмосфера