(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Мамо, речи ѝ да ме остави: Насилство помеѓу 12-годишни девојки во Велес

Од вчера низ социјалните мрежи кружи видео со вознемирувачка содржина, особено за мајките, во кое 12 годишно девојка, напаѓа врсничка.

На видеото се слуша како нападнатата девојка по телефон зборува со својата мајка и моли за помош, додека насилничката ја напаѓа. Ја турка на земја и ја кубе за косата. Случката се случува на сред бел ден во Велес, па благодарение на тоа напомош истрча една жена која ѝ помогна на нападната девојка.

„12 годишно девојче од Велес нападнато од својата врсничка додека бара помош од својата мајка по телефон, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството !!!“, пишува во објавата на видеото.