Вознемирувачкото видео од наставник кој тепа ученик, за жал, сепак се случило во училиште во Бутел

Видеото кое од синоќа се споделува на социјалните мрежи и за кое се негодуваше каде точно се случил настанот, сепак е за настан кој се случил во Македонија и пријавен е во полиција. 

На видеото се гледа како наставникот го крева ученикот со двете раце од земја и го спушта и удира, додека другите гледаат.

Наставникот предавал англиски и навистина пред сите останати деца малтретира физички ученик кој учи од ОУ „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2.