Впечатлив кармин и класичен аутфит: Стилот на Беса Арифи

Беса Арифи е вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа. Таа на македонската јавност и е позната како политички аналитичар, и помлада сестра на политичарката Теута Арифи.

Нејзините родители се просветни работници, а љубовта кон учењето Беса ја негува уште од дете. По завршувањето на гимназија во Тетово, се запишува на Правниот факултет во Скопје каде е прогласена за студент на генерација. Подоцна магистрира и докторира, а нејзината специјалност е кривичното право.

Беса е во брак од кој има две деца.

Она што е секогаш забележително за нејзините јавни појавувања е софистицираниот стил кој го негува.

Беса не може да ја видиме без средена исфенирана фризура и впечатлив кармин.

Очигледно е дека таа сака да носи класични парчиња, па затоа секогаш избира варјанта на кошула со џемперче, или пак елегантно сако и кошула.

Секако знае да избере и тренди фустани, кои и прилегаат одлично.

Сепак Беса може да ја видиме и во покежуал аутфити, за кои избира фармерска јакна или лежерна кошула.


Д.К.