Време е за ајвар: По одморот во Турција, Гавазова се зафати за работа

Фолк-пејачката Сузана Гавазова до пред некој ден беше на одмор  во Турција, со семејството.

Од таму видовме како ужива во друштво на сопругот и двете ќерки.

Штом се врати дома, таа веднаш се зафати за работа.

Бидејќи сезоната на зимници е во најголем ек, а балканските домаќинки имаат полни раце работа, па и славните дами се' почесто се фалат дека и тие приготвуваат зимница и учествуваат во целиот процес од лупење на пиперки, до мешање на ајварот.

Како Тијана Дапчевиќ, Сека, Јелена Ѓоковиќ, така и Сузана Гавазова се пофали дека приготвува ајвар.

Време е за ајвар - напиша Сузана, на видеото кое го сподели на Инстаграм стори.

Поврзани вести:

-Путин, тато и јас правиме ајвар: Тијана Дапчевиќ во Драчево прави зимница (ВИДЕО)
-(ФОТО) Малку ракија, малку пиперки: Сека Алексиќ со ќумбето во двор