Време е за кратка коса: Биба Додева го промени својот изглед

Кога жената сака да промени нешто кај себе, секогаш најпрво започнува од косата. По ова најверојатно се водеше и познатата пејачка Биба Додева. 

Имено, таа ги изненади своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, на која сподели фотографија на која се гледа дека ја скратила косата, но и дека ја променила бојата.

„Време е за кратка коса. Ок. И плава“ - напиша пејачката покрај фотографијата и испрати уште две пораки преку хаштазите, кои ги додаде во описот: „Жените во менопауза прават чудни работи“ и „ Можеш да ја смениш својата коса, но не и твојот мозок“.

View this post on Instagram

A post shared by Biba Dodeva (@bbdodeva)

Дали во пораките се крие причината за оваа промена или пак станува збор за нешто друго, останува да почекаме и да се надеваме дека пејачката сама ќе ни открие во некоја од нејзините следни објави.